Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница констатира дека врз основа на спроведена постапка Александра Цветковска ќе биде нова пратеничка во Парламентот. Таа ќе го преземе остатокот на мандатот на пратеникот Горан Милевски, кој од неодмна е нов министер за локална самоуправа.
Александра Цветковска е од листата на кандидати за пратеници во Парламентот за ИЕ 5 од СДСМ и Коалицијата.
ДИК ќе и издаде уверение за избран пратеник на Цветковска и во утрешниот ден собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунинетни прашања и со тоа ќе се верификува мандатот на новиот пратеник.
Милевски е претседател на ЛДП и беше пратеник во Парламентот, а неговиот мандат престана на 27 јуни годинава. Тој од неодмна е нов министер за локална самоуправа.