Синот на Џорџ Сорос, Александар, вчера на Твитер објави фотографија од средбата со македонскиот премиер Зоран Заев.
„Одлично поминато време со премиерот Заев, разговаравме за неискористениот економски потенцијал на Северна Македонија и за зајакнување на регионалната соработка во корист на сите граѓани на Северна Македонија“, напиша тој, објавувајќи заедничка фотографија со македонскиот премиер.