Алегри ја освои „Златната клупа“

104
ФОТО: Твитер

Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри, доби „Златна клупа“ за најдобар тренер на Италија оваа година. Тој четвртипат ја освојува наградата, надминувајќи ја конкуренцијата – Маурицио Сари и Симон Инзаџи.

– Како што секогаш велам, колку помалку штета нанесуваме, толку подобро. Благодарам до мојот штаб, кој симнува толку многу тензии од мене и ми овозможува да остарам побавно. Играчите исто така заслужуваат признание. Се надевам дека ќе останам во Јувентус долго време. Сега повеќе размислувам за нештата. Годините искуство во Серија А ми дозволија да пораснам – изјави Алегри.

Италијанецот додаде дека целта пред него и тимот е да се освои осмата последователна титула во Калчото, како и Лигата на шампионите.

– Ќе видиме дали среќата ќе биде на нашата страна. Ќе видиме каде ќе бидеме во март. Нивото е зголемено, така што треба да имаме квалитети за да го достигнеме. Што се однесува до Скудетото, нашето внимание е фокусирано на Наполи и Интер – истакна Алегри при примањето на наградата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...