Алегри опција за Реал, ако пропаднат преговорите со Почетино

Алегри има договор со Јуве до 30 јуни 2020 година.

113

Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри може да застане на чело на Реал Мадрид, објавија шпанските медиуми.

Според информациите, менаџерот на Тотенхем, Маурицио Почетино е прв на листата на „кралскиот клуб“, но се дискутира и за резервни опции.

Алегри има договор со Јуве до 30 јуни 2020 година.

Откако е тренер на тимот, италијанскиот гигант ја освои Серија А четири пати.

Зинедин Зидан вчера на вонредна прес-конференција објави дека го напушта „Сантијаго Бернабеу“

Минатата недела Реал го освои третиот последователен трофеј во Лигата на шампионите, а ова досега не му успеало на ниту еден тренер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...