Актуелниот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри и поранешниот предводник на Барселона, Луис Енрике се главните кандидати за тренерската позиција на Челзи, објавија англиските медиуми.
„Скај спорт“ објави дека раководството на „сините“ од Лондон веќе почнало преговори со двајцата тренери, но конечна одлука ќе биде донесена по обемни консултации и анализи по сослушувањето на кандидатите.
Алегри неодамна изрази желба да води клуб од Премиер лигата, додека Енрике скоро една година е без ангажман и беше поврзуван со ПСЖ.
Актуелен менаџер на Челзи е Антонио Конте кој најверојатно по слабата сезона ќе си замине на крајот од првенството.
ФОТО: EPA/KAY NIETFELD