Албанците обединети: собрале тон пари за да ги платат казните на Џака и Шаќири

Поради радоста што ја донесоа на нивните сонародници, Албанците одлучиле да го „отворат кесето“ и да соберат пари за тие да ја платат казната за швајцарските фудбалери..

670

По санкциите што ги изрече ФИФА на швајцарските фудбалери од албанско потекло, Гранит Џака и Џердан Шаќири и на капитенот на Лихтенштајн, албанската дијаспора одлучи да собере пари и да ја плати целата сума.

Како што соопштува швајцарскиот весник Blik, навивач од Њујорк, Рилинд Река, покренал на интернет кампања во САД и во целиот свет за да се соберат пари за плаќање на казните на гореспоменатите двајца.

Неговиот апел веднаш се проширил и парите се собрале.

Дури и министерот за трговија на Косово, Бајрам Хасани истакна дека ќе ја даде платата како придонес за плаќање на казната на ФИФА. Тоа го потврди за КланкосоваТВ.

– Не постојат пари за емоциите кои Џака и Шаќири ги подарија кога славеа со симболот на албанскиот двоглав орел.Тоа е само затоа што тие не ги заборавиле своите корени и од каде доаѓаат, изјави министерот.

Да ​​потсетиме, ФИФА изрече казни поради инцидентот на и по натпреварот на Србија и Швајцарија, што се одигра во рамките 2. коло во групата Е на Светското првенство во фудбал во Русија. После головите Шаќири и Џака ги провоцираа навивачите на Србија со симболот на албанскиот орел поради што се казнети по 10.000 швајцарски франци.

За разлика од нив, по изјавите насметка на ФИФА, и судијата Феликс Брих, Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија, Славиша Кокеза, како и тренерот на Србија, Младен Крстајиќ беа казнети по 5 илјади франци, додека Сојузот за дискриминаторските пароли на трибините и фрлање предмети на теренот, ќе мора да плати 54.000 швајцарски франци на сметка на Светската фудбалска организација.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...