Албански државјани се обиделе да пренесат 27 килограми марихуана во Грција

Полицијата соопшти дека против нив ќе поднесе кривична пријава.

124

Двајца албански државјани се приведени и против нив ќе се поднесе кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Полицијата соопшти дека вчера во возило „опел вектра“ со кое се возеле албанските државјани пронашла 27 килограми марихуана која била наменета за транспорт во Грција.

„По претходно добиени оперативни сознанија, кај село Кажани – на патот за село Ѓавато, битолско, полициските службеници вчера запреле патничко возило „опел вектра“, со ресенски регистарски ознаки, управувано од М.В.(43) од Албанија, а како сопатник бил Т.М (36) исто така од Албанија. При преглед на возилото, полициските службеници пронашле и одзеле две торби со 27 пакувања марихуана со тежина од околу 27 килограми. Марихуаната била наменета за транспорт во Грција“, информираат од МВР.

Како што се додава, двете лица се приведени во Полициската станица Битола и по целосно документирање на настанот, до Основното јавно обвинителство Битола, ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик на Р.С. Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...