Албанските власти потврдиле дека Груевски избегал преку Албанија

1520

Поранешниот премиер Никола Груевски избегал преку Албанија. Оваа информација албанските власти ја потврдиле за ТВ21.

Според телевизијата, албанските власти потврдиле дека Груевски на 11.11.2018 година во 19 часот и 11 минути ја напуштил Албанија на граничниот премин „Хани Хоти“.

Груевски се упатил кон Црна Гора, а границата ја преминал со возило кое било во сопственост на Унгарската амбасада во Тирана со регистарски таблички CD1013A.

За време не преминот на границата немало никаков претрес од страна на царинските службеници.

Еден ден подоцна, на 13 ноември, околу 19 часот и 35 минути Интерпол испратил свои екипи за меѓународна потрга на Груевски.

И тиранската телевизија Ора њуз ја јави истата информација.

Повикувајќи се на сигурни извори, пак Топ чанел телевизија, наведува дека од прегледот на TIMS системот на премините, произлегло дека тој на албанска територија не влегол преку официјален премин, туку илегално преку зелениот појас.

Претходно унгарската амбасада во Тирана ниту ја потврди, ниту ја демантираше информацијата дека Груевски, една ноќ минал во оваа амбасада.

За тиранската телелвизија Топ чанел, од амбасадата кусо одговориле дека „не ги коментираат процеси „ кои се во тек“, поаѓајќи од фактот дека барањето за азил на Груевски се разгледува во Будимпешта.

Некои регионални медиуми пренсоа дека Груевски откако една ноќ минал во унгарската амбасада од аеродромот во Тирана заминал за Будимпешта.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...