Албанскиот претседател предупредува дека ќе има апокалиптичен земјотрес на Балканот

3163
Photo: EPA / Malton Dibra

Албанскиот претседател Илир Мета предупредува дека апокалиптичен земјотрес ќе го погоди Балканот, јави Топ чанел. Мета во функција на претседтаел на Советот за безбедност упатил писмо до албанскиот премиер Еди Рама, вицепремиерот Ерион Браче и министерката за одбрана Олта Џачка.

Имено, Мета бара информации од релевантните институции за тој природен феномен, врз основа на изјави на грчкиот сеизмолог Акис Целентис.

„Сеизмологот Целентис предупредува за апокалиптичен земјотрес што се очекува да го погоди Балканот, што може да биде 30 пати помоќен од оној што го погоди атинскиот регион пред неколку дена. Поради нејзините сеизмички карактеристики, нашата земја е една од најризичните земји во Европа. Затоа Албанија е загрозена од тој природен феномен“, се вели во писмото од Мета.

Toj бара информации за предупредувањето и можни мерки и вели дека е подготвен да го свика Советот за национална безбедност.

Photo: EPA / Malton Dibra 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...