Албанската полиција заплени 142 канти со сирење шверцувани од Македонија

429
ФОТО: EPA/MALTON DIBRA

Албанската полиција во заедничка акција со припадници на Секторот за стопански и финансиски криминал при Полицискиот комесаријат во Елбасан, заплени канти со сирење прошверцувани од Северна Македонија.

Станува збор за 142 канти со сирење, но не се наведува вкупната тежина на запленетата стока.

Шверцуваната стока била откриена на патниот правец Либражд – Елбасан, при контрола на возилото со кое управувал 32-годишен жител на Тирана, кој е приведен.

Доказниот материја е доставен до Обвинителството при Основниот суд во Елбасан, а осомничениот ќе одговара за „трговија и транспорт на шверцувана стока“ и „затајување приходи“.

ФОТО: EPA/MALTON DIBRA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...