Од новата 2018/2019 учебна година во училиштата во Албанија се забранува користење мобилни телефони.
За таа цел Министерството за образование денеска до директорите на основните и средните училишта испрати допис со кој ги известува дека од септември важи наредбата за забрана за користење мобилни телефони во учиштата.
Забраната важи како за учениците така и за наставниот кадар.
– Знаеме дека учениците имаат тенденција да ја користат технологијата. Социјалните мрежи се тренд во последно време. Ако ученикот гледа дека наставникот не го користи мобилниот телефон, тоа ќе биде добар пример кој ќе го следи – изјави Ориана Османи, професорка во гимназијата „Петро Нини Луараси“ во Тирана, каде од април управата на училиштето забранило користење мобилни телефони.
Според неа, алтернативно решение за мобилните телефони ќе бидат шкафовите каде пред 8 часот кога почнува наставата ќе бидат оставени, а во 13 часот, со завршување на часовите, учениците ќе си ги земаат телефоните.
Неодамна Франција забрани користење на мобилни телефони во училиштата. Според новите правила, учениците помлади од 15 години мораат да ги остават нивните мобилни телефони дома или да ги држат исклучени до крајот на наставата. Франција во 2010 година им забрани на професорите и наставниците да користат мобилни телефони за време на наставата.
ФОТО: EPA/ABEDIN.TAHERKENAREH