Албанските власти го поздравија потпишувањето на Протоколот за членство на Македонја во НАТО, оценувајќи го како чин на гаранција за безбедноста и стабилноста во регионот.
Поздравуваќи го потпишувањето на Протоколот претседателот Илир Мета упати честитка до политичките лидери и граѓаните во Северна Македонја.
– Честитки до визионерските политички лидери и граѓаните на Република Северна Македонија за ова заслужено достигнување, што го промовира натамошниот напредок на земјата, ја зголемува регионалната безбедност и стабилност и го зајакнува Сојузот на трансатлантските заеднички вредности. Нужна одлука во вистинско време – оценува Мета.
Министерката за одбрана, Олта Џачка, веста ја оцени како одлична.
– Честитки за граѓаните на Северна Македонија за ова заслужено достигнување. Алијансата ги отвори своите врати за да го дочека својот 30-ти член во најголемото политичко-воено семејство. Силна стратешка порака за нашите соседи и за регионот на Западен Балкан. Од денес, регионот доби повеќе безбедност, стабилност и мир -рече Џачка.
Сите албански медиуми ја пренесуваат веста за потпшувањето на Протоколот при тоа посебно нагласувајќи дека Албанија е земјата која прва денеска го потпишала овој документ