Алаѓозовски и Шилегов ќе ѝ ја вратат на публиката Универзална сала

1103

Градоначалникот Петре Шилегов и министерот за култура Роберт Алаѓозовски денеска потпишаа Писмо за намери преку кое се дефинираат активностите за унапредување на културата на подрачјето на Град Скопје преку заедничко финансирање на изградбата на Универзална сала.

– Универзалната сала се враќа на градот. Во неа ќе се организираат културни и спортски настани, а граѓаните на Скопје и воопшто на Република Македонија ќе имаат можност да ги остваруваат своите општествени и културни права и вредности. Предвидено е изградбата на салата да почне во 2019 година – најави на денешната прес-конференција градоначалникот Шилегов.

Шилегов потсети дека салата веќе две години е затворена за посетители.

Изградбата на салата ќе биде според најсовремените стандарди за безбедност, за удобност на гледалиштето и за пристапност до објектот. Изгледот и функционалноста ќе бидат задржани, со дополнителни содржини за други културни институции.

– Денеска кога влегував внатре ја забележав плочата на која се испишани 35-те земји кои помогнале во изградбата на Универзалната сала по земјотресот во 1963 година. Последната реченица гласи: „Овој објект ќе остане како траен симбол на меѓународната човечка солидарност во обновата на Скопје по катастрофалниот земјотрес од 26 јули 1963 година“. Токму затоа, Универзална треба да се врати онаква каква што била. Токму затоа, Универзална повторно ќе претставува културно средиште на Скопје – рече градоначалникот Шилегов.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...