Австралискиот портал „Фаланга“ објави видео од говорот на поранешниот македонски претседател Ѓорге Иванов во Мелбурн, Австралија, кој присуствуваше на донаторската вечера организирана од Македонската добротворна организација.
Како што може да се забележи од снимката, говорот на експретседателот бил прекинат затоа што во зградата се вклучил безбедносниот аларм.
– Да не ме предупредува да прекинам со говорот? – прашува Иванов веднаш откако се слушна сирената.
Како што пишува Фаланга, во салата настанала голема паника и за кратко време присутните биле евакуирани од зградата. На местото веднаш пристигнале противпожарните екипи, но засега надлежните не откриваат која била причината за вклучување на алармите.