Активистката Моника Ристовска доби една година затвор, се покаја за марихуаната и за хашишот

1899

Активистката Моника Ристовска е осудена на една година затвор, за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

На 10 мај оваа година на улица во Куманово, беше приведена Моника Ристевска, по што е извршен претрес во нејзиното престојувалиште во Куманово и се пронајдени 14, 46 грама канабис.

Ристеска е во притвор од мај годинава. Минатата година беше осудена на условна затворска казна од две години доколку во следните пет години не стори кривично дело. Таа тогаш ја призна вината, но истовремено посочи дека се кае и вети дека нема да го стори истото кривично дело.

– Се чувствувам виновна за делото што ми се става на товар. Точно е она што е наведено во обвинителниот акт. Во перидот од 2017 до 2018 година неовластено држев и продавав марихуана и хашиш-смола на начин како што е наведено во обвинението. Премногу се каам за тоа што го направив. Се заколнувам и ветувам дека никогаш нема да го направам тоа и да сторам вакво кривично дело. Се каам од дното на моето срце и душа за делата што сум ги сторила. Најмногу сакам да им се извинам на државните институции, а најмногу на судот, на ЈО, на полицијата, на моето семејство и сите мои мили сограѓани што се почувствувале трогнати поради моите непромислени вулгарни постапки – изјави на првото судење Ристеска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...