Снимив 50 претстави, филмови, реклами за да се јакне културата на Република Македонија, рече актерот Владо Јовановски, обвинет за случувањата на време на крвавиот четврток во Собранието.
– Ова што ми се случува не дека не можам да го разберам, но одбивам да бидам хипнотизиран и да поверувам дека јас сум терорист. Жалам за повредените. Длабоко се извинувам. Не го љубам насилството. Зборот, освен тоа што има текст, има и контекст и поттекст и мисла, емоција, вибрација и фреквенција. Да сме живи и здрави и да живее Република Македонија. Ве љубам сите – рече Јовановски, на што некои од обвинетите му аплаудираа.
– Со оглед на вашата професија, ја разбирам вашата речитост, но немојте со аплаузи. Сите сме патриоти. Предавници нема – рече судијката Добрила Кацарска./Макфакс