Актерот ја изгуби долго криената битка со ракот

Неговата колешка Барбара Кремптон беше меѓу првите кои му оддадоа почит, пренесува „Мирор“.

5409

Актерот Николас Тучи почина на 38-годишна возраст, по борбата со карциномот,

Тој беше најпознат по улогите во „Ти си следниот “ и „Канал нула“ на „Нетфликс“.

Неговиот татко ја објави тажната вест на социјалните мрежи, додавајќи дека Николас бил доволно храбар за да чува сè во приватната сфера, за да болеста не влијае на неговата работа.

„Ник одлучи својата болест да ја задржи подалеку од јавноста, за да може да ги исполни своите професионални и уметнички соништа што е можно подолго. Во последната година од животот, успеа беше да ја работи работата што ја сакаше толку многу “, гласи дел од пораката.

„На оние од филмот, телевизијата и од театарот … Ви благодариме за охрабрувањето и поддршката за Ник. Ви благодарам и на оние кои уживаа во работата на Ник на екранот и на театарската сцена, затоа што тие го поттикнаа неговиот талент и го ценеа неговиот труд“, заклучил таткото на Тучи.

Неговата колешка Барбара Кремптон беше меѓу првите кои му оддадоа почит, пренесува „Мирор“.

„Почивај во мир, драг мои пријателе. Имав среќа што двапати работев со него. Имаше неверојатно мила и длабоко чувствителна душа. Тој замина прерано, но засекогаш остави белег во нашите срца “, е дел од пораката што таа ја остави.

FOTO: Instagram/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...