Актерот од „Сопранови“ пронајден мртов, покрај него имало бел прав ВИДЕО

Полициските извори тврдат дека телото на 69-годишниот актер било пронајдено во саботата наутро во неговиот стан на Менхетн.

1213

Актерот Брајан Тарантино, кој домашните гледачи го знаат по улогата во серијата „Сопранови“, но и од серијата „Девојките на Гилмор“, е пронајден мртов, пренесува американскиот портал Ти-ем-зи.

Полициските извори тврдат дека телото на 60-годишниот актер било пронајдено во саботата наутро во неговиот стан на Менхетн. Според првите информации, причина за смртта на актерот е предозвирање.

Како што пишуваат странските медиуми, на актерот околу 17 часот му дошла во посета внуката и го нашла неподвижен на каучот. Наводно покрај неговото тело бил пронајден бел прав.

Портпаролката на актерот Лори Смит за Ти-ем-зи изјавила дека смета дека умрел од компликации од неодамнешната болест. Наводно, актерот последните месеци бил со слабо здравје, а неодамна излегол од болница каде бил примен поради проблеми со срцето. Смит тврди дека повторно се чувствувал лошо, но дека не сакал пак да оди во болница.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...