Актерката се мажи по третпат: Не верувала во брак, но се предомислила

Иако претходно зборувала дека повеќе не верува во брак, убавицата планира да застане пред олтарот со Колин, со кој се сврши во мај.

525

Скарлет Јохансон решила да се венча со Колин Џост, иако зборувала дека повеќе не верува во брак по двата љубовни неуспеси.

Скарлет (35) по третпат ќе „стапне на лудиот камен“ со 37-годишниот актер Колин Џост, тврдат извори од светските медиуми блиски до парот.

Иако претходно зборувала дека повеќе не верува во брак, убавицата планира да застане пред олтарот со Колин, со кој се сврши во мај. Нејзината врска со две години постариот маж, јавноста ја дозна неколку месеци откако Јохансон се раздели од новинарот Роман Доријак, кој беше нејзин втор сопруг. По третата веридба, таа изјавила:

– Бракот помеѓу двајца актери е голем предизвик бидејќи еден од нив двајца е секогаш поуспешен. Партнерот мора да биде сигурен во љубовта, но и во својата кариера – рекла Јохансон.

Нејзината романса со Колин започнала да ги полни светските магазини уште за време на мачниот развод со новинарот, кога биле фатени како разменуваат нежности.

Бракот со нејзиниот прв сопруг, Рајан Рејнолдс, траел само три години.

– Мислам дека бракот е една романтична и убава идеја и може да биде супер работа, но сепак мислам дека не е природно да го поминете целиот свој живот со една личност – изјавила Скарлет своевремено.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...