ОБНОВЕНО Актерката и ексградоначалничка на Кисела Вода, Беличанец, пронајдена мртва

7519

Актерката и поранешна градоначалничка на Кисела Вода, Билјана Беличанец, е пронајдена мртва во стан во Скопје, потврдија за Плусинфо извори од МВР.

Причините за смртта засега не се познати бидејќи увидот сѐ уште трае. Според неофицијални информации, нејзиното тело било пронајдено нешто пред 23 часот.

Беличанец беше родена на 25 јули 1973 година, а својата професионална актерска кариера ја започна 1994, кога и дипломирала како најмлад актер на Факултетот за драмски уметности на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.

Од 1997-та таа беше вработена во Драмскиот театар во Скопје. Покрај бројните улоги во театарски претстави, таа ќе остане запаметена и по улогата на Туфи во „Здраво генијалци“.

Беличанец имаше и политичка кариера, беше градоначалничка на Општина Кисела Вода во еден мандат, од 2013 до 2017 година.

ОБНОВЕНО Неофицијално, станува збор за самоубиство со бесење. Смртта ја пријавил член на семејството околу 22.40 часот. МВР најави дека денеска ќе излезе со официјална информација за случајот.

Беличанец неодамна се омажи со битолскиот режисер Сашо Миленковски. Тоа беше нејзин втор брак. Остави две малолетни деца од првиот брак со скопски стоматолог.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...