Актерката имала два абортуси и вели дека нималку не се кае поради тоа

- Тоа беше мој избор, јас избрав. Јас одлучив, не беше лесно - додала Алиса.

553

Актерката Алиса Милано открила дека имала два абортуси во 1993 година. Актерката ова го изнела во гостувањето во еден поткаст.

Алиса останала бремена дури два пати иако пиела контрацептивни таблети.

„Првпат бев вљубена и тоа на начин кој остава без здив и како што можете да сакате само кога сте млади. Тоа беше нешто големо за мене. Го исполнуваше секој дел од мојот живот. Тоа беше радосно и исполнето времен од мојот живот“, изјавила таа.

Иако не го именувала партнерот, Милано во тоа време била во романса со Скот Волф. Тие се запознале на снимањето на филмот „Double Dragon“ во јуни 1993 година, а тој ја запросил во октомври. Кога дознала дека е бремена и покрај тоа што пиела контрацепција, знаела дека не е подготвена да биде мајка и абортирала.

– Тоа беше мој избор, јас избрав. Јас одлучив, не беше лесно – додала Алиса.

Продолжила да пие контрацептивни таблети, но по неколку месеци повторно останала бремена и уште еднаш морала да донесе важна и тешка одлука. Актерката нагласила дека способноста да избира и во двата случаи влијаело на нејзиниот живот.

– Не би ги имала моите деца, моите прекрасни, совршени, сакани, нежни и незаменливи деца кои имаат мајка која и тоа како беше подготвена за нив – изјавила Милано.

За крај, нагласила дека многу жени се соочуваат со истите проблеми и дилеми, но дека е многу важно да ја имате слободата да одлучите што ќе правите со вашето тело и вашиот живот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...