Ако треба да се одзема имунитет за “Рекет”, Џафери ќе ги свика пратениците од одмор

1215

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, не сака да коментира шпекулации околу евентуалната вмешаност на пратеници во случајот „Рекет“ кој го отвори Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Сепак, тој вели и да дојде до такво нешто и да има барање за одземање на имунитет, тоа што пратениците ќе бидат на одмор во август не значи дека нема да се состанат да расправаат за тоа.

– Собранието е во постојано заседание. Пратениците каде и да се, се знае дека треба да бидат подготвени да се вратат за одредено време. Ако има потреба, треба да планирам со координаторите да имаат информација кој каде ќе биде и во случај да треба ќе знаеме во кој рок можат да се вратат пратениците. И да има таков случај пред 5 дена нема да може да заврши процедурата зошто прво треба да заседава Комисијата за мандатно-имунитетни прашања – вели Џафери.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...