Ако спиете помалку од седум часа, еве што тоа му прави на вашето тело и здравје!

Недостатокот на сон е поврзан со бројни здравствени проблеми, вклучувајќи хипертензија, дебелеење, дијабетес и послаб имунолошки систем.

1777

Ако не спиете доволно, тоа ќе се одрази на вашето моментално, но и долгорочно здравје, од менталната состојба па сè до начинот на кој вашето тело ги троши или складира мастите.

Истражувањата покажале дека спиењето помага да се зајакне нашиот имунолошки систем па е поврзано со намалениот ризик од кардиоваскуларни и метаболички болести, вклучувајќи ја дебелината и дијабетесот тип 2. Имено, научниците од Државниот универзитет Пенсилванија дошле до заклучок дека поради недостаток на сон почесто чувствуваме глад, пишува „Индекс.хр“.

Друга студија, објавена во магазинот „Lipid Research“, проучувало како петчасовно спиење во текот на четири дена во неделата влијае на луѓето. Според нив, недостатокот на сон се одразил и на намалената продуктивност, но и на зголемувањето на стресот на работа.

Понатаму, истражувањата покажале и дека луѓето сè помалку време трошат на спиење. Според нивните тврдења, тој тренд од година в година е сè полош. Конкретно, студијата спроведена на Универзитетот Ball State проучувало 150.000 возрасни Американци во периодот од 2010 до 2018 година. Откриле дека речиси 31 отсто од испитаниците не спиеле доволно во 2010 година, но и дека тој процент се зголемил на речиси 36 отсто во следните осум години.

– Ова е значајно откритие бидејќи САД моментално сведочи висока стапка на хронични болести, а многу од тие болести се поврзани со проблеми со спиење – рекол авторот на истражувањето, доктор Јагдиш Кубчандани.

Меѓу другото, се поврзува и слаб сексуален нагон, лошо расположение, како и лош квалитет на животот. Интересно е дека нивното истражување открило и дека на недостигот на сон најизложени се луѓето вработени во здравството, полицијата и војската, каде меѓу 45 и 50 проценти од вработените се хронично исцрпени.

Неадекватното спиење е поврзано со благи до тешки физички и ментални здравствени проблеми, повреди, загуба на продуктивноста и прерана смрт, но не е утврдена причината зошто луѓето спијат се помалку. Доктор Кубчандани смета дека за тоа, меѓу другото, е виновна се почестата употреба на технологијата која луѓето ги одржува будни.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...