Ако се продава „Белата палата“ дел од парите ќе одат во хуманитарни цели

1158

Имотот на партијата е замрзнат на незаконски и нелегитимен начин од правосудните органи, повтори лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата 24 Отворено.

– Ние практично функционираме како гости во нашиот имот, но тоа не ни е проблем. Имаме 100.000 гласа предност пред СДСМ. Поради едно обвинение коешто е покренато после законскиот рок и прифатено од страна на судијата во постапка и како резултат на тоа, имотот е замрзнат – рече Мицкоски.

На прашањето доколку не беше замрзнат имотот дали ќе ја продадат зградата, Мицкоски одговори:

– Дали ќе ја продаваме или не, тоа е ирелевантно. Можеби и ќе ја продадеме и сретствата кои ќе ги земеме ќе ги дадеме во добротворни цели. Постојат многу опции, може и да го изнајмиме. Ние имаме не поголем имот од тој што го има уште една партија. Тој имот не е наследен од еден претходен систем, туку е резултат на работа на граѓаните, на донации, на симпатизерите и тоа е поголема разлика – рече Мицкоски.

Тој рече дека не сака имотот да се врати во општеството, туку да бидат почитувани законите и да биде ослободен.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...