Ако се влага во Собрание или има нешто посериозно врти ми, пишувал сведок пред 27 април

1021
ФОТО: EPA/MAJA ZLATEVSKA

Фејсбук комуникација помеѓу еден од сведоците за случувањата од 27 април во Собранието, инаку демонстрант од протестите За заедничка Македонија, е меѓу останатите докази кои денеска се читаат на рочиштето за крвавиот четврток од кои се гледаше дека протестите биле организирани и се повикуваат членови на излезност.

Од она што го презентираше обвинителството во судница, сведокот Антонио Кочков добивал пораки на Фејсбук со известување и покани за протестите на За заедничка Македонија од извесен Дејан Миланов со кого според комумикација може да се заклучи дека се познаваат добро.

Беше презентирана комуникација меѓу овие две лица од еден месец пред упадот во Собранието до речиси еден месец по насилствата.

Во споменатите известувања за протестите кои ги добивал Кочков има и такви во кои се вели дека излезноста е мала, па се замолуваат членовите да излезат помасовно.

Во пораките кои си ги пишувале уште околу еден месец пред крвавиот четврток Кочков искажува и револт кон поканите, па така во една од пораките ж му пишува на Миланов: ,,Брат го претераа не знам што сакаат. Нека одат у курац веќе”.

Во друга порака, од разговор на 5 април, тој повторно вели: ,,Нека идат у курац. Абе дај нека дадат пушки или нека не не дркаат веќе”.

На тоа Миланов му одговара: ,,па на тоа иде”.

Во еден од разговорите помеѓу Кочков и Миланов во кој тие пишуваат дали ќе одат на протест или не се споменува и влегување во Собранието.

,,Ако се влага во Собрание или има нешто посериозно врти ми брат ако треба ќе дојдам”, му пишува Кочков на Миланов.

Пред презентација на вештачењата од комуникацијата на Кочков, во суд се читаа вештачењата од комуникацијата на обвинетиот пратеник Крсто Мукоски. На претходното рочиште, пак, се читаа пораките од телефонот на поранешниот собраниски спикер Трајко Вељановски.

Судење за настаните од 27 април, според судскиот календар, е закажано и за утре.

ФОТО: EPA/MAJA ZLATEVSKA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...