Тренерот на Њукасл, Рафаел Бенитез, ќе добие 100 милиони фунти ако остане во клубот. Договорот на 59-годишниот шпански фудбалски стручњак истекува на крајот од јуни оваа година.
Бенитез се уште не одлучил за својата иднина во клубот каде е од 2016 година.
Њукасл е рангиран на 13. место со 41 поен во Премиер лигата.
Бенитез го има освоено трофејот во Лигата на шампионите, Купот и Супер Купот на Англија, со Ливерпул , како и Лигата на Европа со Челзи.
ФОТО: EPA / WILL OLIVER