По прогласувањето на победата на Евросонг 2018, пејачката Нета ја покани публиката следната година на големо шоу во Ерусалим. Тамошното Министерство за култура е со став дека ако не може да се одржи фестивалот во Ерусалим, можно е воопшто да не бидат домаќини на Евросонг 2019.
– Мислам дека ако Евровизијата не е во Ерусалим, би било погрешно да се инвестираат парите предвидени за тоа. Главен град на нашата држава е Ерусалим и не треба да се срамиме од тоа – рекла таа.
Претходно, изборот за песна на Евровизија два пати бил одржан во Ерусалим и тоа во 1979 и 1999 година.
Во фокусот на настаните е и откажувањето на фудбалскиот меч, поради заканите на Палестинците кон фудбалерот Лионел Меси, но и преместувањето на амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим.