Ако не сакаш да се ракуваш, нема државјанство во Данска

350

Данската министерка за интеграција на странци Ингер Стојберг изјави дека Владата на оваа скандинавска земја ќе предложи закон според кој еден од условите за добивање данско државјанство ќе биде и идниот државјанин да не одбива да се ракува при поздрав.

Како што пренесуваат данските медиуми, таа прецизираше дека тоа официјално ќе се утврдува на соодветна церемонија во општината во која живее секој поединечен кандидат, на која обврзен дел ќе биде ракување на кандидатот со претставници на општината.

– Ракувањето е начин на кој се поздравуваме ние во Данска и покажуваме почит едни кон други во оваа земја. Затоа тоа е природен дел на една церемонија од овој вид – рече Стојберг додавајќи дека со тој чин кандидатот покажува дека го „прифатил данското општество и данските вредности“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...