Случајов со Боки 13 (сликањето, пеењето, дружењето, соработките, почесните претседателства…) повторно го покажа фундаменталниот проблем на нашата политика – немањето ниво.
Квалитетен политичар не се дружи со секого. И секако, не соработува со секого. Тоа не е ароганција, туку она што го кажав – ниво.
Ако немаш ниво, не може никако да бидеш добар во работата. Ако не правиш разлика меѓу добар и лош текст, нема никогаш да напишеш добра статија или книга. Ако не правиш разлика меѓу добра и лоша музика, нема никогаш да компонираш нешто добро. Ако не правиш разлика меѓу добра и лоша храна, нема никогаш да готвиш вкусни јадења.
Ако не правиш разлика меѓу шарлатани и сериозни луѓе, нема никогаш да бидеш добар политичар.
ПС. И тоа нема врска со потенцијален криминал. Со шарлатани и шунд-мајстори не се дружиш дури и ако не прават никакви криминални активности.
(ФБ статус на авторот)