Ако можете да преживеете без смартфонот една недела, еве шанса да заработите 1.000 долари!

Лошата вест е што компанијата е во Јута, во САД, но да се надеваме дека и некоја македонска компанија наскоро ќе понуди предизвик за намалување на зависноста од „паметните“ телефони.

286

Компанија со седиште во Јута, САД, нуди некому да плати 1.000 долари, доколку може да исполни едноставен предизвик: да се откаже од својот смартфоне една недела и да го замени за обичен, флип телефон.

Станува збор за компанијата Frontier Bundles, интернет сервис провајдер со седиште во Јута.

Да се надеваме дека во догледно време и некоја македонска компанија ќе им понуди на граѓаните сличен предизвик за намалување на зависноста од паметните телефони.

Фотографија: Pixabay

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...