Ако има докази ќе се одговара и кривично за случајот со градинката во Гевгелија

422

Откако вчера Министерството за труд и социјална работа испрати инспектори во градинката „Детска радост“ во Гевгелија, по скандалот со видеото во кое воспитувачка навредува дете, надлежните соопштија дека се земени изјави од директорката и вработените.

Директорката добила задолженија, а ако се соберат докази, за овој случај ќе се одговара и кривично.

„Директорката е задолжена со следното: веднаш да се утврди правилно фактичката состојба и врз основа на тоа да се поведе постапка за утврдување на одговорност, односно ако најде докази дека со повредата на прописите е сторен прекршок, потешка повреда на работната дисциплина, неизвршување, несовесно и ненавремено извршување на работите и работните задачи или кривично дело, да поднесе барање за поведување на прекршочна постапка, иницијатива за покренување на дисциплинска постапка или пријава за сторено кривично дело, согласно член 261 став1 алинеја 2 од Законот за заштита на децата“, соопштија од Министерството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...