Ако ви солат памет за кого да гласате јавете се бесплатно на 0800 54321

188

Граѓаните од утре ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право во канцеларијата на Народниот правобранител на бесплатната телефонска линија 0800 54321.

– Сите неправилности може да се пријават во текот на предизборниот период и на денот на гласањето. Телефонската линија ќе функционира секој работен ден од 8 до 16 часот и по пријавите на граѓаните ќе се постапува веднаш, по примениот повик, или снимената порака – велат од канцеларијата на Народниот правобранител.

Народниот правобранител, додаваат, со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од страна на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...