Аки Рахимовски доби ќерка со 27 години помлада партнерка

Словенката Барбата работи како здравствена техничарка, а соседите потврдиле дека популарниот пејач го гледаат со количката.

2797

Фронтменот на „Парни ваљак“ Аки Рахимовски (64) повторно стана татко. Аки го доби третото дете, прво со таинствената Барбара (37), а среќната вест ја потврдил пејачот за порталот „24сата.хр“.

Веста прв ја донесе „РТЛ Ексклузив“ чија екипа се упатила во Словенија, каде што живее Барбара, за да разговараат со пејачот и неговата нова избраничка. Двојката не била дома, но соседите и мајката на Барбара ја потврдиле среќната вест. За „РТЛ Ексклузив“ мајката на Барбара, Розалија, открила дека новороденото девојче ќе се вика Антонија, а на свет дошла пред три месеци.

– Сѐ е одлично. Девојчето се вика Антонија. Задоволна сум со Аки – рекла Розалија.

Словенката Барбата работи како здравствена техничарка, а соседите потврдиле дека популарниот пејач го гледаат со количката.

Како што РТЛ тврди, Аки се преселил во Словенија кај новата избраничка. Ова му е на пејачот трето дете, по синот Кристијан (38), кој исто така е музичар, како ќерката Дора, која ја доби во бракот со Ингрид, со која ретко се појавуваше во јавноста. Со поранешната сопруга Ингрид беше во брак 40 години, а на таа врска, сега изгледа ѝ дошол крајот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...