Компанијата Аирбнб соопшти дека ги откажува резервациите за сместување во Пекинг до 29 февруари, поради ширењето на коронавирусот во Кина.
„Во контекст на ширењето на новиот коронавирус и упатствата на локалните власти за време на оваа вонредна здравствена ситуација, резервациите на сите огласени капацитети во Пекинг од 7 до 20 февруари се откажани“, соопшти Аирбнб.
Оваа одлука важи само за Пекинг, изјави портпарол на компанијата за Кина и додаде дека Аирбнб ја анализира ситуацијата и работи според упатставата на локалните власти.