Азманов до Латас и Коневски: Ви се извинувам, ама морам да ја кажам вистината

12143

Се извинувам што без никакво овластување на прес-конференцијата на 21.01.2019 година како резултат на новинарско прашање и провокација изнесов непроверена информација врз основа на моето искуство и слушнати муабети од мои колеги и на база на мои претпоставки реков дека сите што градеа во Општина Аеродром, сите плаќаа тогаш на Клубот МЗТ Скопје, пишува во одговорот на сопственикот на „Настел“, Зоран Азманов до поранешниот градоначалник на скопската општина Аеродром, Ивица Конески, по барањето за извинување и јавно повлекување на изјави со кои е сторена навреда и клевета.

„За да Ви го освежам памтењето, првиот пат кога побаравте донација за клубот, рековте плати колку што сакаш и тогаш по моја проценка уплатив 10.000 евра кои беа уплатени на клубот. Наредниот пат кога ме викнавте во Вашата канцеларија за истата работа однапред ме предупредивте и ми рековте „на тебе рачунам со 100.000 евра за МЗТ“. Тогаш јас бев ставен во непријатна ситуација од Ваша страна, па Ви реков Настел да уплати 50.000 евра, но се најдовме на 60.000 евра после што следеше испраќање на директорот на МЗТ да склучи договор за рекламирање со директорот на Настел. Следната година ме повикавте, и повторно побаравте Настел да плати 60.000,00 евра, па кога Ви кажав дека Настел повеќе нема локации и нема да гради
во Општина Аеродром, Вие се налутивте и потоа до крајот на Вашиот мандат повеќе не успеав да остварам средба со Вас“, пишува Азманов.

Со исто извинување но на адреса на Драган Павловиќ Латас, кој исто така беше спомнат на прес-конференцијата на 21 јануари, Азманов пишува:

„Можеби неправилно го употребив зборот „рекетираше“ кога на прес-конференцијата
спонтано ми излезе реченицата: „претходно со години ме рекетираше Латас и ми бараше стан со 40% попуст и не му дадов“, а како споредба на тоа што ми се случуваше во периодот 2009/2010 година и она што денеска ми се случува преку 1ТВ од страна на Бојан Јовановски (Боки 13). Имено, требаше попрецизно да се изразам кога веќе ја правев таа споредба и требаше да кажам дека во тој период 2009 година „Латас ми бараше стан во центарот на Скопје, близу фонтаната во Градскиот Парк кој вредеше 86.000 евра, а сакаше да го плати само 50.000 евра, бидејќи наводно толку пари имал“. Откако не прифатив ми се случи серија на клевети и навреди
преку двата медиуми кои ги контролираше Латас“, пишува Азманов со порака до двајцата:

„Оставам на Вашиот разум и доблест да одлучите како ќе постапите“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...