Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески од мерната станица на гасоводот ГА-МА во село Жидилово на македонско-бугарската граница ја повика Владата да биде поактивна во реализцаијата на инфраструктурните проекти што е од значење на развојот на индустријата и извозот и се главни приоритењти на бизнисот и Владата.
– Од ова место го почнуваме нашето лобирање кај Владата стоотстотно да ги реализира нејзините инфраструктурни проекти. Тука влегуваат експресниот пат Ранковце-Крива Паланка кој се финансира од Светка банка и Крива Паланк – Деве баир кој го финансира ЕБОР – рече Азески.
Тој го потсети претставникот на бизнис заедницата во Владата Кочо Анѓушев дека во наредниот период ќе биде подлежен на силен притисок од бизнис заедницата на секоја седница на Владата да ги поставува прашањата за инфраструктурата, извозот и развојот на индустријата.
– Нашето искуство говори дека најмалку три години се потребни да се реализира нешто што го бара бизнисот. Но, очекуваме оваа Влада ако се задржи на власт нашите барања да ги исполни во првиот мандат – рече Азески.
Тој рече дека Македонија е најлошиот дел од Коридорот 8, кој минува низ четири држави е е долг 950 километри.
– Ова е значаен Коридор, но ние имаме еден пат изграден пред 50 години, немаме железничко поврзување, имаме гас кој влегува од ова место – Жидилово што не го користиме и е нјаскап во регионот. Сето тоа влијае на бизнисот и неговата конкурентност. Ако сакаме раст на економијата од 3 до 5 отсто Владата да ги реализира ветените инфраструктурни проекти – рече Азески.
Тој очекува ваквата состојба да се промени, како што рече, за да не биде Македонија заобиколена од транспортните патишта и бизнисите од регионот и од Европа да ги користат алтернативните коридори.