Азербејџан прв ривал на македонските ракометарки за влез на СП

72
Женската ракометна репрезентација на Македонија ја очекуваат три натпревари во претстојните квалификации (прва фаза) за обезбедување бараж натпревар за Мундијалот 2019.

Прв ривал на „црвено-жолтите“ ќе биде Азербејџан вечерва во 18 часот.

Избраничките на селекторот Симе Симовски во истиот термин утре се среќаваат со Исланд, додека в недела од 20 часот Македонија игра против Турција.

Сите натпревари ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Влезот е слободен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...