Азар ќе стане најплатен фудбалер на Реал

713

Еден Азар ќе стане фудбалерот со највисока плата во Реал Мадрид, ако трансферот на „Сантијаго Бернабеу“ се оствари.

Според информациите на „АС“, од Реал Мадрид му предложиле плата на Азар од 15 милиони евра годишно, што ќе го израмни по плата со Герет Бејл.

Според француското издание „Лe10Спорт“, „кралевите“ понудиле 190 милиони евра за белгискиот фудбалер и се блиску до негово привлекување.

На овој начин Азар може да стане вториот најскап фудбалер во светот, надминувајќи го Килијан Мбапе за кого ПСЖ плати 180 милиони евра на Монако, и само зад Нејмар, чиј трансфер од Барселона во ПСЖ минатото лето беше во вредност од 222 милиони евра.

Азар (27) е меѓу главните цели на Реал ова лето по продажбата на Кристијано Роналдо во Јувентус. Играчот од средниот ред одигра одлично Светско првенство и беше меѓу најзаслужните фудбалери на Белгија за освојувањето на бронзениот медал.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...