Азар имаше три, сега доби и четврти син

105

Белгискиот фудбалер Еден Азар утрово по четврти пат стана татко. По три сина, неговата сопруга Наташа повторно роди машко дете.

Капитенот на белгиската репрезентација нема да игра вечерва за Реал Мадрид на гостувањето кај Мајорка, ќе може да го прослави раѓањето на четвртиот наследник, по Јанис, Лео и Сами кои имаат 8, 6 и 4 години. Името на најновиот член на семејството Азар уште не е познато.

Азар (28) во составот на Реал ќе треба да се појави на важниот дуел со Галатасарај од Лигата на шампионите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...