Ѕвездата на Челзи, Еден Азар го пофали менаџерот на тимот Маурицио Сари и новиот додаток на лондонскиот тим Гонзало Игуаин.
– Поинаку е со Сари во споредба со Антонио Конте и Жозе Мурињо. Се справуваме добро. Ми се допаѓа неговиот тип на фудбал. Сари е одличен менаџер. Тој е стар човек (60 години), но начинот на кој тој мисли е ист како мојот во однос на фудбалот – изјави Азар за „Тајмс“.
Тој потоа зборуваше за новиот член на „сините“, Гонзало Игуаин, кој пристигна зимава од Милан.
– Одиграв само два меча со Игуаин и знам дека можеме да постигнеме нешто големо заедно. Не само со него туку и со другите напаѓачи. Челзи не е само Игуаин и Азар, туку 25 играчи. Но Игуаин е фантастичен напаѓач. Тој мора да се прилагоди малку на англискиот фудбал, бидејќи тој е различен од Шпанија и Италија. Игуаин има богато искуство, бележел голови секаде кадешто играл – заврши Белгиецот.