Азар го надмина Роналдо по бројот на голови во Премиер лигата

127
ФОТО: EPA / RODRIGO ANTUNES

Најдобриот фудбалер на Челзи, Еден Азар беше двоен стрелец синоќа во победата над Вест Хем (2:0) во натпреварот од 33. коло на првенството на Англија.

По овие два погодока, Белгиецот стигна до бројот 85 со што го надмина Кристијано Роналдо кој има 84 голови во Премиер лигата. Португалецот во периодот 2003-2009 година играше за Манчестер јунајтед.

Оваа сезона, 28-годишниот Азар настапи на 42 натпревари за Челзи во сите натпреварувања, постигна 21 гол со 12 асистенции. Тој е во тимот од „Стемфорд бриџ“ од  2012 година.

ФОТО: EPA / RODRIGO ANTUNES

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...