Аеродром на вонредна седница ќе расправа за локацијата кај Мајчин дом

177

Советот на Општина Аеродром попладне на вонредна седница ќе расправа за спорниот Детален урбанистички план и за изнаоѓање на трајно решение за стопирање на изградбата на зграда кај Мајчин дом.

– На вонредната седница ќе се дискутира за спорниот ДУП И10 донесен од претходното општинско раководство предводено од ВМРО-ДПМНЕ и за трајно решение за спречување на градбата пред Мајчин дом – се наведува во соопштението од општина Аеродром.

На седницата може да присуствуваат граѓани и граѓански организации кои треба да се регистрираат на линкот https://s.surveyplanet.com/xZzk6w0_j3.

Изградбата на висококатницата времено е стопирана за 15 дена поради, како што изјави во средата градоначалникот Златко Марин, неправилности во градилиштето.

– Градбата е стопирана, влегуваме во барање решение низ дискусија. Ги преземав сите можни мерки и напори, со сите засегнати страни да најдеме начин трајно да го заштитиме плацот пред Мајчин дом. Преземам иницијатива за решавање на проблемот, во разговори со граѓаните, со инвеститорот и со град Скопје – рече Марин на прес-конференција во средата.

Против изградбата на зградата во вторникот протестираа жители на општината.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...