Во скопските населби Аеродром и Лисиче вечерва нема парно.
Од Балкан енерџи груп (БЕГ) велат дека причина за тоа е голем дефект на дистрибутивната мрежа.
– Голем дефект на дистрибутивната мрежа предизвика испад на работата на топланите во 20 часот вечерва. Во моментот екипите го лоцираат дефектот, со цел истиот да се изолира и да се воспостави нормален хидраулички режим на системот, се вели во соопштението на БЕГ.