Аеродром ги санира штетите од невремето

965

Градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин и општинските служби се на терен по големото невреме кое го зафати скопскиот регион. Се детектираат и санираат настанатите штети и поплавени области.

Како што информираат од општината, поплавата на булевар „Јане Сандански“ пред слаткарницата „Палма“ е веќе санирана. Исто така, се детектирани паднати дрвја во паркот во Мичурин, Бојмија и на други локации врз улици и тротоари, паднати кровни конструкции, билборди, бандери и електрични кабли, како и настанати штети врз автомобили и приватен имот.

Активностите за спроведуваат во координација со Градскиот штаб за заштита и спасување, а на терен се сите јавни претрпијатија на Град Скопје, Противпожарната бригада и сообраќајната полиција.

Во моментов екипите на Градскиот штаб за заштита и спасување приоритетно работат на расчистување на булеварите и градските улици, а потоа се продолжува со помалите општински улици. Се очекува поголемите проблеми да бидат отстранети во текот на денешниот ден.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...