Стотици демонстранти денеска повторно протестираат на аеродромот во Хонг Конг.
Тој е еден од најпрометните аеродроми во светот. Поради вчерашните протести на главниот терминал беа откажани сите летови.
Хонгконшката авиокомпанија „Катај пасифик“ се закани со откази на вработените кои ги поддржуваат, како што наведоа во соопштение, „незаконски протести“.
ФОТО: EPA / JEROME FAVRE