АЕК: Ќе се блокираат повиците од странски неидентификувани броеви, граѓаните да не одговараат

277

Телекомуникациските оператори ќе ги блокираат броевите од кои што кон  домашни корисници од претпладнето има голем број неидентификувани повици од странство и во текот на денов таквите повици ќе престанат, изјави за МИА директорот на Агенцијата зе електронски комуникации Сашо Димитријовски.

Во меѓувреме, како што советува, граѓаните не треба да одговараат на таквите повици што се регистрирани од корисници на двата мобилни оператора Македонски Телеком  и А1.

Димитријоски најави дека службите на АЕК ќе одржат состанок со мобилните оператори, како и дека наскоро на веб страницата на АЕК ќе биде објавено соопштение со конкретни насоки.

– Ова се злоупотреби што се случувале и во минатото, вакви јавувања имаше и минатата година. Совет до граѓаните е да не се јавуаваат, а опереторите ги регистрираат броевите, ги блокираат и повиците од нив ќе престанат во текот на денов – изјави Димитријоски.

Став за повиците за кои алармираа граѓаните преку социјалните мрежи, МИА побара и од операторите од каде исто така најавија дека дополнително ќе споделат информација.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...