Агенцијата за електронски комуникации објави тендер на Бирото за јавни набавки со кои за сума од приближно 24 илјади евра за купување репрезентативен материјал, објавува Макфакс.
Како што стои во документацијата од Бирото за јавни набавки покрај вообичаените роковници и тефтери се бараат поло маички, чадори, но и копчиња за кошули со логото на АЕК. На списокот потребни материјали се часовници за работна маса, керамички чаши за чај и кафе, слушалки, приврзоци, блутут звучници и елегантни ролер пенкала со циркони, како и ранците со антишок прегради за преносен компјутер, кои треба да биде изработен од водоотпорен синтетички материјал или микрофибер.
Ова е само дел од наведеното во техничката спецификација за тендерот објавен на 7 март. Од АЕК за „Макфакс“ велат дека освен за процедурата, не може да одговори како е утврдена потребата за набавката и количината од 50 до 100 парчиња од овие предмети.