АД ЕЛЕМ во текот на вчерашниот ден продаде вишоци електрична енергија во количина од 24.480MWh за сума од 1.235.808 евра.
Продадените вишоци се „базна“ и „врвна“ електрична енергија за јуни 2018 година.
Продажбата е извршена по просечна цена од 50.48 EUR/MWh. За споредба, на HUPX (унгарската берза на електрична енергија), цената за базна енергија изнесува 44,94 EUR/MWh, додека за врвна изнесува 54,27 EUR/MWh.
Нова продажба на вишоци електрична енергија произведени од АД ЕЛЕМ е закажана за 5 јуни. На продажба ќе бидат понудени 57.360 MWh за јули, август и септември 2018г.