АД ЕЛЕМ: Нивото на Охридското Езеро ќе се спушти за еден месец

296

АД ЕЛЕМ се свесни за состојбата со Охридското Езеро и соопштија дека се преземаат сите мерки за да се намали нивото на водата.

Хидроелектраните на АД ЕЛЕМ во моментов, но и подолг период наназад работат со максимален капацитет.

Проценките на ЕЛЕМ се дека во рок од еден месец нивото на езерото ќе се спушти под 693.75 мнв, што е дозволена кота за година со високи води, како што беше оваа, велат оттаму.

Од АД ЕЛЕМ велат дека во моментов водотеците веќе се смируваат и се намалуваат и оти веќе се создаваат услови за позабележително намалување на котата.

Жители и хотелиери од Охрид денеска побараа итно намалување на нивото на водата на Охридското Езеро, во спротивно се заканија со правни мерки.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...