АД за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје ги доби наградите „Придонес за развојот на претприемиштвото“ и „Развој на идеи, иновации и инвестиции“ во конкуренција на повеќе од 300 компании од земјите од Централна и Југоисточна Европа. Наградата се доделува во рамки на проектот „Создавачи за векови“ и 6. Регионален самит на претприемачи „300 најдобри“.
Одлуката за лауреатите за 2018 година ја донесе независен меѓународен комитет составен од 13 експерти за економија, маркетинг, трговија, менаџмент и финансии од 8 држави од регионот.
Меѓу досегашните добитници на оваа награда се некои од најголемите и најпочитувани претприемачи од БиХ, Црна Гора, Хрватска, Италија, Македонија, Германија, Словенија и Србија.